Герасимовски: Ако се сака, се може

Општина Центар е на врвот по транспарентност, а на дното по непродуктивни трошења, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Реализираните проекти, Герасимовски ги соопшти на трибината „Силно и одлучно кон индината“. 

-Ако се сака, се може. Ефикасното, посветено и транспарентно работење носи резултати. Во првата година реализиравме 90% од зацртаните проекти. Ни следуваат уште многу проекти и ќе ги правиме со нашите граѓани. Заедно градиме нова приказна за поубав Центар - порача Герасимовски.