Герасимовски: 16 смарт табли, проектори и компјутери за основните училишта во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека набавени се 16 смарт табли, проектори, тавански држачи за проектори и кабли и компјутери за основните училишта во Центар.

-Неодамна целосно опремивме и кабинет по информатика во ООУ „Киро Глигоров“ во населба Капиштец. Вложувањата во модернизација и осовременување на образовниот процес, го олеснуваат совладувањето на наставниот материјал, преку креативност и современи дигитални форми. Инвестициите во училиштата и образовните институции, се инвестиции во развојот на нашата иднина - порача Герасимовски.