Генерален штрајк на приватните специјализанти од понеделник

Генерален штрајк на најавија приватните специјализанти од понеделник. Во соопштението испратенео до медиумите тие велат дека иако одржале протест на 27-ми март и оствариле средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири на 2-ри април, нивните барања сеуште не се исполнети,

„На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. После остварената средба со министерот, одржани се две седници на Влада и тоа на 3 и 9 април, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ни една од нив не е разговарано за нашите барања“, се посочува во соопштението.

Поради тоа, како што се посочува во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј” и „Гоце Делчев“ – Штип, принудени се да го направат следниот чекор – пристапување кон генерален штрајк од 15 април. Се најавува тој да трае сѐ до исполнување на нивните барања.