Галуп: Помалку од половина Македонци се среќни и оптимистични за 2020

Помалку од половина Македонци се оптимистични дека 2020 ќе биде подобра од 2019 година и сметаат дека се среќни, покажа глобалното истражување на „Галуп Интернешнал Асосиејшн“. Во Северна Македонија студијата ја спроведе „БРИМА“, членка на „Галуп Интернешнал Асосиејшн“ во партнерство во ВИН, на 1.210 испитаници.

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?“, 43 отсто од испитаниците во С. Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година, што покажува, како што наведе „БРИМА“, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.

Во однос на регионот, најоптимистични по тоа прашање се анкетираните од Албанија, а најпесимистични се Србите.

На прашањето „Општо земено, дали Вие лично се чувстувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?” девет отсто се изјасниле дека се чувствуваат многу среќно, 47 проценти среќно, 34 отсто ниту среќно ниту несреќно, девет проценти несреќно, и еден отсто од испитаниците изјавиле дека се чувстуваат многу несреќно.