ГАЛЕРИЈА: Нови зимзелени и листопадни растенија, вака изгледа новата зелена оаза на Водно

Нови зимзелени и листопадни декоративни растенија, вака сега изгледа новата зелена оаза на Водно, на улицата „Питу Гули“.

На површина од 600 метри квадратни, општина Центар засади зимзелена магнолија Grandiflora и шест листопадни чадорести дрва Albizia julibrissin, кои во текот на сончевите летни денови ќе ја покажат сета раскош со своите цветови.

Околу двесте декоративни зимзелени и листопадни грмушки ќе ја стабилизираат косината. Со својата различна структура и колорит, внесуваат динамика и живост на локацијата во секој дел од годината, а со развој и ширење на садниците се прави компактен и згуснат пејсаж.

На целата локација поставен е автоматски систем за полевање. Околу овој зелен појас, општина Центар ги реконструира и тротоарите.

Во непосредна близина, општина Центар веднаш продолжува со разубавување на две нови локации, односно кај поранешна “КТК” и кај поранешната голема самопослуга на “Славија”.

nike air max 1 sale