Француските антиваксери со смртни закани до пратениците

Десетици француски пратеници добија смртни закани од некои демонстранти против вакцините, во време кога парламентот почна да расправа дали граѓаните ќе мора да покажат потврда за вакцинација доколку сакаат да влезат во кино, ресторан или воз, пишува Ројтерс.

Новиот закон со кој ќе се укине опцијата за покажување негативен тест и ќе се воведе задолжителна вакцинација на јавни места, го поддржаа речиси сите партии и речиси е сигурно дека вечерва или утре ќе биде усвоен од Долниот дом на парламентот, додава Британската новинска агенција.

Инаку, Франција има речиси 90 отсто од ревакцинираните граѓани постари од 12 години.