The Frame - Повеќе од телевизор!

Домот е одраз на вашиот уникатен стил, а The Frame совршено се вклопува во вашиот простор. Тој не само што го разубавува просторот како телевизор, туку и станува омиленото парче уметност во  вашиот дом.

Покрај неверојатниот дизајн, овој телевизор ја поседува и единствената технологија Quantum Dot која овозможува 100% видливост на боите на екранот, додека пак двојната ЛЕД технологија придонесува за зголемување на контрастот врз основа на температурата на заднинското осветлување со цел оптимален тон на бои. Ваквиот спој овозможува неверојатно реалистични бои дури и при широки агли, во секој дел од денот. Што и да изберете да гледате на овој телевизор, вие ја искусувате брилијантноста на живописните бои и секој детал од сликата која е пред вас. Без оглед на осветлувањето и промените во него, овој телевизор автоматски се приспособува за оптимално осветлување и контраст, овозможувајќи природна слика.

Кога е исклучен, The Frame е најубавото уметничко дело во вашиот дом. Можете да ја претставите колекцијата на уметнички дела кои ги поседувате или пак да ги прикажете вашите омилени фотографии и спомени со шест различни филтри. Имате можност да изберете совршена рамка според боите во вашиот дом, вашиот личен вкус или уметничките дела во вашиот простор. Магнетите кои ги поседува овој уред,  овозможуваат едноставно додавање и отстранување и креирање на милион различни стилови.

Телевизорот The Frame може да научи кој е вашиот уметнички вкус и автоматски препорачува уметнички дела кои би сакале да ги видите во вашиот дом. Освен тоа, со неговиот уметнички режим добивате 7 различни видови на основи и палета од 10 различни бои. На тој начин, палетата одговара на вашето моментално расположение создавајќи вистинска уметност околу вас.  

Сензорот за движење го препознава вашето присуство и го претвора вашиот телевизор во вистинско уметничко дело каде може да уживате во уметност со најубавите бои. Амбиенталниот режим овозможува лесно менување на тоа што го гледаме на екранот. The Frame може да се постави за да одговара на бојата и дизајнот на околните ѕидови и да се вклопи во совршениот амбиент во вашиот простор.

Што и да посакате да правите, само седнете и опуштете се и оставете го The Frame да создаде уметност во вашиот дом.

комерцијален текст