Фотографија од скопски Трнодол од минатиот век, бараките беа белег на населбата

Населбата Трнодол денеска е дел од скопски Карпош, додека во минатото, се до 1976 година се сметала за помала населба или селце кое спаѓало во околината на Скопје.

Како изгледал Трнодол некогаш? Ова е фотографија од Трнодол во 1964 година веднаш по подигнувањето, кога бараките беа главен белег на овој дел од Скопје. 

Бараките се донација од Светскиот сојуз на црквите кој донирал вкупно 125 бараки, за настраданите во катастрофалниот земјотрес од 26. Јули 1963 година.

Во минатото оваа скопска населба била со мешовито население, од сите националност и религии, а еве стара фотографија од предавањето на бараките во скопски Трнодол.