Детското игралиште на улицата „Сава Михајлов“ во Ченто беше делумно уништено по само еден месец од изградбата откако некој запалил еден од реквизитите.
-Со големо жалење сакам да ја информирам јавноста дека по само еден месец од изградбата на новото детско катче на улица Сава Михајлов во Ченто, денес еден од реквизитите од истото беше запален, информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Градоначалникот апелираше до родителите и младите за поголема грижа на она што општината го инвестира за урбанизација на просторот во месните и урбаните заедници.