Едно од најубавите места во Скопје е планината Водно. На неколку километри од центарот на Скопје, планината е одлично место за прошетка, планирање и чист воздух.
Деновиве Водно е облечено во бело, а снегот и сонцето го прават местото одлично за уживање.
Еве неколу убави фотографии направени со дрон:
Активирањето на жичницата, дополнително го зголеми интересот за уживање на врвот на планината. А, таму има сонце, убав топол чај и многу позитивна атмосфера.
И една фотка направена од земја:
Воопшто не размислувајте. Облечете топла облека и зимски обувки. Размислете дали пешачење или возење со жичница е подобра алтернатива и упатете се кон најубавиот дел од Скопје. Сончевото време е идеално за ваква прошетка.