Утринава изби тепачка помеѓу таксист кој превезувал патничка и возач со дете на булеварот Митрополит Теододсиј Гологанов во центарот на Скопје, пренесува порталот Фактор.
До тепачката помеѓу таксистот и родителот дојде најверојатно по пресекување на патот во сообраќајниот хаос кој рано изутрина е секојдневен декор во овој дел од градот.
Двете лица претходно си дофрлуваа погрдни зборови и пцовки, а физичката пресметка заврши со кршење на ветробрановото стакло на такси-возилото.
Фото: Фактор