Тепачки и пресметки по скопските улици, во голем дел учествувале и малолетници

Се повеќе случаи на физички пресметки се евидентираат во дневните билтени на МВР. 

Дел од нив се тепачки меѓу врсници, но има и напади од страна на повозрасни лица врз малолетници, малолетници кои напаѓаат, соседска нетрпеливост, како и пресметки поради лични проблеми. 

Во изминатото деноноќие биле забележани повеќе вакви случаи и тоа:

На 09.06.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје, С.М.(48) пријавил дека околу 12.30 часот на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

На 09.06.2021 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред болница на подрачје на Ѓорче Петров, Д.А.(55) од Скопје физички нападнал малолетник. 

На 09.06.2021 во 22.30 часот во СВР Скопје, В.Т.(48) од Скопје пријавил дека на 04.06.2021 околу 20.00 часот на подрачје на Кисела Вода, додека неговиот малолетен син бил заедно со уште неколку негови другари, бил физички нападнат со тврди предмети од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.06.2021 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.М.(47), И.М.(52), С.М.(40), И.М.(49), Н.М.(37) од една страна и Ф.Р.(19), Р.С.(18), С.С.(32) и М.С.(27), од друга страна, сите од Скопје.

На 10.06.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, Д.И.(40) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 09.06.2021 околу 19.30 часот на плоштад на подрачје на Карпош, бил физички нападнат од Д.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.06.2021 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница во с.Трубарево, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 17 - годишен малолетник од с.Трубарево, скопско и А.А.(22) од с.Орланци, скопско.