Фото: Полицијата пронајде пушка и куршуми кај 68-годишник

Полицијата приведе едно лице во струшко, откако кај него биле пронајдени пушка и куршуми.

-На 08.06.2023 во 08.00 часот во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.Н.(68) од с.Ташмаруништа. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.