Фото: Енормна загаденост на воздухот во центарот на Скопје

Во Скопје не се дише ниту во лето иако властите на чело со градоначалникот Петре Шилегов и Министерството за животна средина тврдеа дека тоа се случува само во зимо бидејќи домаќинствата се греат непрекинато.

Утринава кај ректоратот во строгиот центар на градот беа измерени рекордни 406 ПМ 10 честички на метар кубен.

Јавноста е збунета по оваа бројка и алармира властите да преземат нешто иако тоа според нив не е возможно.

Загадени утринава се и Кочани, Битола, Миладиновци, Центар и Струмица.

Ова не е прв пат за една недела да се зголеми загаденоста во главниот град.

Претходно Фејсбук страната „Министерство за безживотна средина“ ги повика Јана Макрадули и Петре Шилегов да ја видат мапата на зададен воздух и во летните денови кога има сонце, не дувало ветер и немало дожд одамна.

Загаденоста на воздухот на 21 јуни изнесувал 130 милиграми на метар кубен само на Бит Пазар што е повеќе од алармантно за во месец јуни.

Според оваа споредба паѓаат сите изјави и тези на заменик министерот за животна средина Јана Макрадули кој велеше дека загаденоста ја има само во зимо бидејќи домаќинствата се греат непрекинато.