Фото: Дедо Мраз слета со хеликоптер во најукрасениот град во Македонија

Денеска беше одржан настап на познати млади музички ѕвезди од „Дајте музика“, кловнови, жонглери, а пристигна и Дедо Мраз со хеликоптер во Општина Крива Паланка.

Најукрасениот град во Македонија подготви прекрасно изненадување за најмладите жители на општината и реши да ги изненади со голема новогодишна забава.