Фото: Акција за расчистување на атмосферската канализација

Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје во согласност со временките услови, врнежите од дожд проследени со засилен ветeр, од рано наутро се на терен и работат на расчистување на сливниците и шахтите на улиците со цел овозможување на нормална функционалност на атмосферската канализација.

- Екипите постојано ги следат состојбите на терен и делуваат во согласност со истите, со цел спречување на евентуални поплави на повеќе локации низ градот, информираат од претпријатието.