Филипче: Засега не планираме целосно затворање на градот Скопје

Пикот поврзан со бројот на заразени од корона вирусот го очекуваме некаде за еден месец, односно на крајот на април. Тоа е проценката на епидемиолозите, но и во согласност со мерките кои ги воведовме во изминатиот период. Ова на денешната прес конференција го нагласи Министерот Филипче.

Полицискиот час, ограничувањето на движењето, особено по поделбата по возрасни групи сметаме дека се дозволни и засега не планираме целосно затворање на градот Скопје. Сето ова очекуваме да даде линеарно зголемување на бројот на пациентите, а не експоненцијално, нагласи Чулев.