Филипче: Нема да отстапиме од тоа децата кои се примаат во градинките и училиштата да бидат вакцинирани

Нема да отстапиме од тоа сите деца кои се примаат и во градинките и во основните училишта да бидат вакцинирани. Не смееме кога ги имаме сите инструменти во рацете, кога тоа е пропишано со закон задолжително да се даде таа потврда за вакцинација, да замижиме или да направиме пропуст, па да ни се случуваат вакви епидемии со смртни случаи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во неделата по инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски имале неформална средба со министерот за образование и наука, Арбер Адеми и со министерката за права Рената Дескоска, на која биле присутни и повеќе пратеници, дел од кои се доктори.

– Разменивме мислења. Министерот за образование сакаше тоа прашање да го постави денеска на седницата на Владата за да добиеме и соодветни правни мислења од Секретаријатот за законодавство. Верувам дека до крајот на денот ќе излеземе со усогласено мислење. Верувам дека до утрешниот ден ќе имаме еден усогласен став, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на 12 нови возила за Итната медицинска помош. 

Air Max 90 NS GPX Mid