Фатиме за Катица: Секој кој се огрешил пред законот треба да одговара

СЈО продолжува со работа и дека добро е што секој кој се огрешил пред законот одговара. Ова го кажа денеска Фатиме Фетаи по апсењето на Катица Јанева.

– Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив. Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба, изјави таа околу апсењето на Катица јанева.

Фатиме и претходно беше актуелна кога ја опцу Јанева бидејќи таа наредила претрес на сите кои влегуваат и излегуваат од СЈО.

На Катица Јанева и е одреден 30. дневен притвор.