Фатен крадец на мобилни телефони по кафеани во Скопје

Фатен крадец на мобилни телефони во Скопје. Полицијата поднела кривична пријава против А.Д.(40) од Прешево-Република Србија, поради „затајување“ и две кривични дела „кражба“.

Тој кражбите ги извршил во текот на јуни годинава со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 72 262 денари. Две од кривичните дела („затајување“ и „кражба“) ги извршил на ист начин во два угостителски објекти, каде искористувајќи ја љубезноста на оштетените, под изговор дека батеријата од телефонот му е испразнета, а треба итно да се јави, од истите во едниот случај затаил, а во другиот случај одзел вкупно два мобилни телефони. Третото кривично дело „кражба“ го извршил во продавница за мобилни телефони, каде искористувајќи го невниманито на вработените одзел еден мобилен телефон.