Есенската акција за чистење на Кисела Вода

Општина Кисела Вода спроведе акција за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.

Со работната акција, во овие урбани заедници се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода покрај расчистувањето на сметот собираа и кабаст отпад.

Во акцијата собрани се 8 тони смет.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода денеска и утре ќе продолжи да се одвива во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.

Локалната самоуправа повторно апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените корпи и контејнери за отпадоци, да се придржуваат до Законот за јавна чистота, како би допринеле за почиста и поубава Кисела Вода.