Есен во Скопје - градот ќе замириса на печени костени

Со доаѓа на есента и со опаѓање на листовите од дрвјата, ни доаѓа еден јаткаст плод, на кој никој не може да му одолее. Костен. Печен, варен, чај од костен, пита од костени... Неодоливо и вкусно во секој случај. 

Убавината на Скопје и на Плоштадот Македонија особено доаѓа до израз кога е есен. Кога надвор се е жолто, кога улиците се мокри, кога почнува првиот студ,  а најмногу кога ќе се замириса на печени костени. 

Печени костени во центар на Скопје. Миризба која се шири много далеку. Само од миризбата можеш да ги пробаш костените. Ни млад, ни стар, ниту жените, ниту мажите не можат да им одолеат. Миризбата те мами да застанеш да си купиш и да ги пробаш. Има ли нешто поубаво? Има ли нешто поубаво од миризбана есен, од миризба на печен костен? 

И постарите скопјани се сеќаваат дека од секогаш костени се продавале на Плоштадот Македонија, од секогаш Скопје е претпознатливо по оваа миризба. 

Каде и да е, Скопје ќе замириса на печени костени.