ЕМА наскоро ќе одлучи за употребата на лекот на Мерк

Европското регулаторно тело соопшти дека за неколку недели ќе донесе одлука за одобрување на таблетата на Merck против COVID-19 на европскиот пазар. Станува збор за лекот „молнупиравир“ кој во облик на таблета се продава под називот „лагеврио“.

„ЕМА започна со проценка на барањето за одобрување на лекот лагеврио(молнупиравир)“, се наведува во соопштението.

ЕМА ќе ги оцени предностите и ризиците од овој лек и во период од неколку недели ќе даде свое мислење за квалитетот на лекот.

Лекот се очекува со нетрпение бидејќи истражувањата покажаа дека се намалува ризикот од хоспитализација и смрт кај ризичните пациенти.