Елитна населба од затворен тип за богати скопјани! (фото)

Водно, Злокуќани, Орман, Козле, Дебар Маало, Црниче, Бардовци, Сончев Град...Важат за елитни скопски населби во нашиот главен град.

Карактеристики на елитните населби од затворен тип:

Приватно обезбедување, главен влез со рампа, камери, фитнес-центар, билјард-клуб, супермаркет, градинка, игротека, аптека, стоматолошка ординација, базени, патеки за џогирање, кодекс на однесување, висококвалитетни градежни материјали и паркинг-простор. Ова се карактеристиките на елитните населби, кои по некое непишано правило треба да се надвор од градот, но сепак добро поврзани со негоВи ретставуваме дел од нив:

„Беверли Хилс“ од Бутел 

Нова елитна населба од затворен тип, со американски стил на живеење, со видеонадзор на 34 елитни куќи е сместена во општината Бутел, близу месноста Љуботенски Пат. Инвестицијата е тешка над три милиони евра, а инвеститор е приватното градежно претпријатие „Хот и Хот“.

Куќите со големина од 150 до 250 квадратни метри и се изградени со еколошки материјали, а овој тип населби имаат стопроцентна безбедност и приватност на сите објекти.

Објектите се на две нивоа, со гаража за најмалку две возила и паркинг однапред, исто така за две возила. Секоја куќа има и базен, имаат комбинирано греење, односно каминско загревање и греење на соларна енергија, а во екстремно студени денови со електрична енергија. На почетокот на населбата ќе има објект со заеднички содржини за нејзините жители, маркет градинка со игротека, фитнес, сауна со џакузи, теретана...

Сопиште - најатрактивна локација

Речиси сите општини со своите детални урбанистички планови имаат предвидено елитни и викенд-населби, парцели за домување и за резиденцијални комплекси.

Сопиште во моментов е една од најатрактивните општини за живеење. Во неа се предвидени неколку елитни населби, за кои има заинтересирани инвеститори. Се планира изградба на Дајмонд Парк, Рудине, Нереиште, Јанковец, Сончев Град... Таа се наоѓа надвор од градот, во незагаден простор, а сепак блиску до него, на само неколку километри.

На територијата на општина Карпош како можност за изградба на елитна населба, е локалитетот зад Зајчев рид, за кој има изработено Детален урбанистички план.

Комплекс „Верина“

Комплесот се наоѓа кај Орман и Волково, во близина на скопската обиколница и се простира на околу 30.000 метри квадратни. Во склоп на седумте објекти, комплексот има вкупно 58 ексклузивни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни.

Станарите ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања.

cheap nike air max 90