Се гради луксузен медитерански објект во Скопје со величествен поглед

Од пред некој месец започна изграбата на новиот комплекс Ветрило, кој е оддалечен од центарот на Скопје за само 6,5 километри, а се наоѓа во близина на општината во с. Сопиште.

Овој комплекс нуди живеалиште во чиста, здрава животна средина со величествен поглед на југозападните падини на планините Китка, Караџица и Јакупица со врвот Солунска глава.

Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом.

За сите оние кои следниве три месеци ќе се решат да инвестираат во овој комплекс, е обезбеден попуст од 5-10%, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.

Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е од 103 до 118 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Секоја станбена единица е со висока класа на енергетска ефикасност, приклучена на заеднички централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода.

Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 150-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.

Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. Инвеститор е компанијата Интерсофт, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување.