Експропријацијата за автопатите на “Бехтел и Енка“ не мрда од мртва точка

Иако на почетокот на проектот за изградба на автопатишата кој ќе ги гради “Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10 Д се велеше дека експропријациата ќе се одвива на нов начин и со нова динамика во пракса тоа се покажа тешко изводливо. Имено во новиот Извештај на Супервизијата за прогресот на изградба на автопатите Тетово-Гостивар, Гостива-Букојчани, Требеништа-Ќафасан и Прилеп-Битола стои дека само на 58% од земјиштето е завршена екпропријацијата. Овие бројки не се поместиле во изминативе 2 месеца кога во октомври исто така беа објавен извештај каде стоеше дека е извршена експропријација на 58 % од земјиштето. Што значи дека и тогаш и сега остануваат речиси 42 % од земјитешто да биде откупено.

Целиот овој процес треба да ја чини државата околу 300 милиони евра за кои ќе се плаќаат пазарна вредност односно онолку колку што сопствениот плаќа за данокот на имот.

За разлика од експропријациата кај геотехничките испитувања работата е малку побрза па така на конзорциоумот “Бехтел и Енка“ му остануваат да испитаат уште 67 отсто.

Без разлика на застојот со експропријацијата Јавното претпријатие за државни патишта си префрла редовно пари на сметката на “Бехтел и Енка“ каде досега се ислпатени 235 милиони евра, а треба да добијат уште 250 милиони евра во текот на оваа година

Во извештајот на консултантите е наведено дека ќе се градат вкупно 109 километри автопат за кој ќе се потроши 1,1 милиони тони асфалт, 1,2 милиони м3 тампон, 620.000 м3, 10 милиони кубици за пополнување, ќе се ископаат 21 милион кубни метри земја, ќе се изградат мостови со вкупна должина од 4,5 километри, како и 24 подвозници и 34 надвозници.