Екслузивно фото: Ракометарите на Веспрем пристигнаа во Скопје

Вардар го очекува најважниот натпревар досега оваа сезона, првиот четвртфинален дуел со Веспрем, кој може да ни донесе голема предност пред реваншот во Унгарија. Играме утре во 16:00 часот, а очекувањата се дека со помош на својата публика, Вардар има сили да го победи европскиот вицешампион.

Ракометарите на унгарскиот шампион денеска пристигнаа во Скопје и веднаш ќе го започнат тренингот во салата на СЦ Јане Сандански. Нашиот фотограф ги забележа ракометарите како пристигнуваат со автобус пред Хотелот Руссиа.