Ексклузивна снимка од снимањето на спотот на старата божикна песна „Небо и земја“ (видео)

Во очекување на видео спотот за возобновената Божикна песна "Небо и земја", кој што ќе биде промовиран во првите денови од Новата 2019 и ќе претставува најубава Божикна честитка со Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Љубојна, Некст тајм и Златните славејчиња, Ве покануваме да погледнете ексклузивна снимка од снимањето на спотот и изјави на дел од учесниците. 

Најголема еуфорија го најавуваат претстојниот голем Божикен настан на 06.01.2019 на платото пред Св.Димитриј каде што од 11 часот, над 5000 деца во придружба на своите родители и роднини, ќе дојдат на Божикен концерт и Божикна претстава. 

Еве што поконкретно најавуваат организаторите „Бадникови поворки“:

ГОЛЕМА БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА: 
6-ти Јануари 2019 (недела) 11:00 на платото пред Св.Димитриј во Скопје

ПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ! со Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна, Златно Славејче, Дејан Лилиќ, Снежана Конеска - Руси и Тинтири минтири шоу. 
Божикни песни 
Божикна претстава 
Божикни пакетчиња 
Бадникови колачиња
Бадникови чајчиња 
СЕ' ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТНО ЗА СИТЕ!