Едукативни предавања за наставници од училиштата во Центар за поддршка на учениците со аутизам

Предавањата се во организација на Здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутизам спектар на нарушување „Сина светилка“ како дел од Еразмус+ програмата, а ги одржуваат пет наставници од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ кои завршиле обуки во Кипар и Данска.

Покрај наставниците во чии одделенија има ученици со аутистичен спектар на нарушувања со обуките ќе бидат запознаени и сите други наставници како и стручните тимови во училиштата како дефектолози, психолози и педагози.

- Прилагодување на образовните содржини за учениците со аутизам носи полесно совладување на материјалот, поголема самодоверба и повеќе насмевки, напиша Горан Герасимовски.