Едно лице почина, друго е повредено: Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

На 05.10.2018 година во 12:30 часот на автопатот Скопје – Велес, К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки  изгубил контрола над возилото и се превртел.

Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.