Џафери: Груби ниту е Влада ниту е партија

Ниту Европскиот фронт ниту ДУИ не повикува ниту, пак, мотивира на бојкот, беше оставено на слободната волја на граѓаните да ја изразат на гласачкото место, рече премиерот Талат Џафери на денешната прес-конференција.

Во однос на бојкотот на Артан Груби на вториот круг на претседателските избори, Џафери рече дека неговиот став е индивидуален и дека не став ниту на Владата ниту на партијата.

„Индивидуалните ставови не може да се претставуваат како генерални ставови на субјектот. Груби ниту е Влада ниту е партија. Јас имав изјава како премиер на избирачкото место и потврдив дека ги зедов двете ливчиња и гласав. Индивидуалниот став не е општ став по кој може да се извлече заклучок. Нека си е министер, индивидуа е во однос на Владата, не е став на Владата, ниту на партиските органи. Индивидуално може да каже што сака, тоа е слобода и на мисла и на изразување“, одговори Џафери и додаде дека не може да се повикува на одговорнос.