Две жени и еден маж нападнати од улични кучиња во Скопје

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три каснувања од улични кучиња во Скопје.

Најпрво во 16.50 часот во Полициската станица Аеродром, К.И.М.(30) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.

Само 10 минути подоцна, односно во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.П.(21) од Скопје пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник.

Додека во 22.45 часот во Полициската станица Аеродром, В.Р.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.