Две убиства во Македонија

Две убиства, во два оддели случаи, се случија вчера во земјава. 

Синоќа во скопското село Ласкарци две лица со огнено оружје пукале во 34-годишниот Р.Ќ. Тој се здобил со повреди, по што починал во возилото на Итната медицинска помош при транспорт до Комлпексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Во друг случај, 22-годишно момче е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства, во која има и повредени две жени и шеснаесетгодишно дете.

Веста за медиумите ја потврди директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Турското Маало во градот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Повеќе информации за овој трагичен случај од полицијата најавуваат денеска.