Две нови имиња во составот на македонската кошаркарска репрезентација

Две нови имиња во составот на македонската кошаркарска репрезентација за денешниот меч со Русија кој стартува од 15:30 часот во Арената „Молот“ во Перм.

Селекторот Александар Тодоров го промени ростерот во однос на вчерашниот натпревар со Италија. На местото на Теодор Симиќ и Андреј Митревски, пријавени се Бакоч и Ефремовски.

Се одлучи на натпреварот со домашната селекција да им укаже доверба на следниве играчи:

Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Бојан Крстевски
Дамјан Стојановски
Кристијан Николов
Андреј Магдевски
Бојан Трајковски
Филип Бакоч
Џејкоб Вајли
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Стојан Ѓуроски.

По три кола во квалификациите за Европското првенство „црвено-жолтите“ имаат три порази. (МИА)