Две момчиња од Боговиње и Жеровјане фатени со марихуана и кокаин

Ноќеска околу 00.30 часот во тетовското село Боговиње, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода М.И. (24) од истото село. При преглед кај него била пронајдена марихуана. М.И. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Исто така ноќеска околу 02 часот во близина на бензинска пумпа во тетовското село Жеровјане, полициски службеници од слобода го лишиле Д.Ш. (33) од с. Неготино. При преглед кај него бил пронајден кокаин.

По целосно расчистување на случајот, против Д.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок.