Две лица обвинети за рекет, од струмичанец изнудиле 20 илјади евра

Министерството за внатрешни работи информираше дека од страна на Секторот за внатрешни работи од Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

- Имено, на 09.08 2022 А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра, информираат од полицијата. 

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.