Двајца затвореници од „Идризово“ ограбиле автомобил во Скопје

Вчера околу 23.45 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.К.(31) и Н.К.(24), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на истиот булевар со употреба на сила и алат отвориле возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и од него одзеле предмет, а се обиделе да го одземат и возилото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР. 

Исто така, по преземени мерки било констатирано дека двајцата биле на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ и до 09.06.2023 користеле отсуство.