Вчера било пријавено дека на плац во населба Хром, физички се пресметале двајца Скопјани.
Имено, случајот бил пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров.
-На 02.10.2022 околу 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на плац во населба Хром, Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(55) и М.Д.(58), двајцата од Скопје - се вели во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.