Двајца скопјани нападнале сопственик на продавница, сакајќи да извршат грабеж.
На 13.02.2022 во 18.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(40) и В.А.(39), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот физички го нападнале Н.Н.(37) во неговиот продажен објект на ул.„Христо Татарчев“ и се обиделе да му одземат пари.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.