Два упади во домови во Скопје: Кај едното семејство извршено кражба, кај друго завршило со кршење и закани

Полицијата деновиве во Скопје регистрирала една кражба при упад во дом и закани кај друго семејство.

- На 19.10.2023 во 23.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека Д.Ф. од Скопје со употреба на сила влегол во куќата на С.Н.(72) на подрачјето на Драчево, по што оштетил дел од покуќнината и упатил закани кон нејзиниот син А.Н.(24), со кого се познавале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Денеска (20.10.2023) во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица со употреба на сила влегле во домот на Џ.Н.(47) од Скопје на подрачје на Бит Пазар, физички ја нападнале и ѝ одзеле пари. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.