Стапката на невработеност лани изнесувала 22,4%, што во споредба се 2016 та е пад за 1,3 процентни поени,  објави државната статистика.Најмногу лица кои не можат да најдат работа се на возраст од 25 до 49 години  или  над 134 илјади од вкупно 214 илјади невработени. 

Во меѓувреме, Агенцијата за вработување  објави три мерки од Оперативниот план, меѓу која и за  субвенцинирање плати. Лицата  месечно ќе добиваат по 18 илјади за плата и 1.000 денари за направените трошоци. Работодавачот доколку сака, може  на работникот да му даде и повисока плата, стои во огласот.  

Токму оваа мерка – субвенционирање на лицата за да се врабатат,  според експертите  не може да вроди со плод, затоа што парите од фирмите кај државата повторно ќе се вратат на истото место, односно од едниот ќе завршат во другиот џеб . Повикуваат државата  да направи поволна бизнис клима, каде компаниите сами, без помош ќе сакаат да отворат нови работни места.

- Државата треба да направи услови каде фирмите сами ќе го зголемат производство, ќе го прошиират бизнисот и каде сами ќе имаат потреба да вработуваат лица. Не треба нив државата да им дава субвенција од 18 илјади денари за плата, треба тие самите да имаат услови да им ја дадат,. Вака нема да има никавва економска полза, изјави Раде Ненадиќ, од Агенција за посредување при вработување.

За останите две мерки – обука за банкарство и практиканство  ќе можат да аплицираат невработените, кои додека се стекнуваат со практично знарње, месечно ќе добиваат по 9,000 денари плата. За истиот период, на страната на Агенцијата за вработување стои дека пазарот има потреба од над 11. 000 лица. Толку лица се потребни за работа , кои не можат да се  пополнат.