Дрво падна врз автомобили во Тафталиџе

Огромно дрво падна попладнево во скопската населба Тафталиџе, во близина на маркетот „Веро“. Дрвото се откорнало по дождот кој го зафати главниот град. 

Очевидците за Скопје Инфо сведочат дека станува збор за големо и старо дрво кое се откорнало по силното невреме. Според информации од терен две возила се оштетени, а за среќа нема човечки жртви.

Засега нема информации од градот за санирање на штетата и отстранување на дрвото.