Драма во Гостивар: Од жената со која бил во љубовна врска одзел едно од децата и ѝ се заканувал

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, околу 19.50 часот, на улицата Панче Поповски во Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот С. Ш. од тетовско Селце-Кеч, извести СВР Тетово.

„Тој претходно бил пријавен од 30-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска, дека пред зградата во која живеела ѝ го одзел едно од двете малолетни деца и ѝ се заканил“, соопшти СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.