Драма на Клинички: Блиски на загинат турски работник не го давале телото на обдукција, реагирала полицијата

Вчера загинал 34-годишен градежен работник од Турција по пад од скеле на градилиште во центарот на Скопје.

Работникот по падот од скелето бил пренесен на Клинички центар, каде што починал, а потоа негови блиски луѓе предизвикале инцидент, објави „Макфакс“.

Според информации на медиумот, драма се случувала на Клинички, каде што блиски луѓе на Ф.А. не дозволувале неговото тело да биде дадено на обдукција, по што била повикана и полиција.