Неколку дена дожд и веднаш поплавени улици во Скопје, реагираат скопјани. Вчеравечер на социјалните мрежи се појави фотографија на која иронично е прикажана состојбата со скопските улици, односно дека се проодни со чамец.
Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, пак, вчера предупреди дека се можни поплави на неколку локации, бидејќи состојбата со локалните канали, кои поминуваат низ населени местанекаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода од врнежите, доколку дојде до пообилни врнежи.
Врнежите ќе се задржат до крајот на следната недела, известуваат од УХРМ.