Дон Мигел Руис: Ништо што другите прават, не е поради вас

Сфаќањето дека светот не се врти секогаш околу нас може да биде значаен чекор кон наоѓање радост и мир во животот.

Photo by Nghia Le on Unsplash

Често очекуваме многу од другите луѓе, а кога тоа не е реализирано, ние се разочаруваме. Се прашуваме како другите го прават тоа што го прават, ги осудуваме поради нивните потези и често влегуваме во конфликти.

Она што е сигурно е дека односот се менува, а кога молчиме и не им кажуваме ништо и оставаме да погодат. Но, така се повредуваме само себеси, се мачиме, а тие можеби и никогаш не сфаќаат како се чувствуваме.

Дон Мигел Руис во својата книга „Четири спогодби“ зборуваме за мудроста на старите Толтеци. Според него, најголемиот проблем се јавува кога лично ги сфаќаме работите, што е израз на себичност, бидејќи секогаш мислиме дека се работи за нас. Често  мислиме дека ние сме за сè одговорни, но ништо што другите луѓе го прават нема никаква врска со нас.

Тие живеат сопствен живот, водени од сопствените вредности и во целосно поинаков свет од нашиот. Кога почнуваме работите да ги сфаќаме лично, мислиме дека тие имаат нешто против нас и се обидуваме да им го наметнеме нашиот свет. Но, тоа води само кон разочарување.

Ако сме вакви личности, ова не е нешто што можеме да го промениме преку ноќ, но можеме да почнеме чекор по чекор. Слушајте го своето тело што ви говори кога сте вознемирени, разочарани, тажни и уморни. Во него лежат сите одговори, а не во другите луѓе.