Ørsted, водечка компанија за зелени енергии во соработка со агенцијата Wieden+Kennedy креираше моќен интерактивен филм за климатските промени. Филмот е со наслов “Дом“ и ги тера гледачите да помислат што е нивниот дом и каде се чувствуваат најбезбедно. Но, филмот ја пренесува и заканата од климатските промени и домот веќе не е место каде се чувствуваме среќно или најбезбедно.