Доктор Пановски го возврати ударот кон Град Скопје: Значи луѓе, состојбава е крајно сериозна!

Докторот Никола Пановски кој е член на Советот на Град Скопје во конфликт со надлежните од Град Скопје. Откако обвини за украдени клупи, рекација пристигна од Град Скопје од каде го обвинија дека го интересира само паушалот како советник, а сега познатиот доктор повторно им одговори. 

Неговата реакција на наводите на Град Скопје ви ја пренесуваме во целост: 

- Убијте го гласникот!

Преку порталот Makfax, на 8.03. се огласи Градот Скопје. Не знам која е таа институција!!! Ако тужиш, да го тужиш градот!!! Реагираат на моите две објави на фејсбук, дека 9 месеци нема советнички орашања и за недавање информации за исчезнати 29 клупи.

Накратко, во текст полн со навреди, во препознатлив стил на Данела, влегов во тимот омаловажени професори од УКИМ, пишува дека моето однесување е срамно за професор и доктор, со објавување на потовитр, па дека ништо не работам и ме интересира само паушалот.

Сепак има неколку информации за клупите, важни за јавноста, а тоа се:

1. Клупите се украдени

2. Пријавено е во МВР

3. Јас сум требало во МВР да се информирам

4. Информацијата требало да оди по партиска линија, ЛДП имала таму помошник министер!!

5. Ако не сум го прашал него, ќе се потврделе основаните сомнежи дека јас сум учествувал во кражбата на клупите, пред се затоа што сум бил многу информиран како се поставени.

Значи, ви велам, луѓе, состојбава е крајно сериозна.