Пановски ги повика граѓаните да бараат нови избори во Скопје и ја потсети Арсовска дека „Прикривањето на кривично дел е исто така кривично дело“

Градот Скопје повеќе од еден месец не дава информација за 29 клупи кои пред еден месец беа украдени од скопскиот кеј. Докторот Никола Пановски кој е член на градскиот совет вели дека ова е само еден од проблемите и ги повика граѓаните да бараат избори за нов градоначалник и нови членови на советот.

Во неговата последна објава тој потсетува дека пред повеќе пред еден месец од кејот во Скопје во една вечер беа украдени 29 клупи, за што тој побарал информација од градоначалникот на град Скопје.

„Помина недела, почна седницата, на која немаше ни писмена ни усна информација. Градоначалничката ја немаше, секретар не е назначен, директорот на ЈП не дојде, сите останати присутни од градската администрација молчеа“, истакнува Пановски во својата фејсбук објава.

Докторот го потсетува раководството на градот дека прикривање на кривично дел е исто така кривично дело, но реакција од  нив нема.

„Во мојата дискусија ги предупредив одговорните во градот, а особено во ЈП Паркови и зеленило, дека прикривање на кривично дело (претпоставувам дека е кражба), е исто така кривично дело. На 29.02. Советот едногласно донесе одлука да побара од Градот и ЈП информација за клупите. Денес добив покана за 45седница на Советот закажана за 14.03.2024, со 32 точки на дневен ред. Информација за исчезнатите клупи.“ додава тој во својата објава.

На крајот ги повикува граѓаните да побараат нови избори за градоначалник и советници во градот. 

„Ги повикувам граѓаните да побараат нови избори за градоначалник на 24.04. и за советници на Град Скопје, на 08.05.2024. Не е по Закон? Ок тогаш законски да си го изгубиме градот. Клупиве се ситница, има многу покрупни проблеми, но ако за клупиве немаме месец дена информација, мислам дека е се јасно колку е страшно“, заклучува Пановски во својата објава.