Доколку сакате субвенции за велосипед од Град Скопје мора изјавата да ја заверите на нотар

Пред 10 дена започна пријавувањето за субвенции за велосипеди кои ги доделува Град Скопје. 

- Средствата се во максимален износ од 4.000 денари по лице во кој е вклучен данок на личен доход.

Но, граѓаните реагираат дека аплицирањето можело да се направи да биде онлајн, со оглед на прогресот на дигитализацијата, а не да мора се се носат документите лично во Архива на Град Скопје.

Освен ова, оние кои сакаат да аплицираат реагираат и дека изјавата која ја поднесува апликантот мора да ја заверат на нотар што е дополнителен трошок и малтретирање. 

-Навистина е глупост ова. Да, субвенциите се добредојдени, но зошто мора лично и да се заверува на нотар. Им создаваат трошоци и обврски на граѓаните, споделува една скопјанка. 

Право на аплицирање имаат граѓаните на градот Скопје кои имаат купено велосипед од 01.01.2023 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Деталите околу јавниот повик може да ги погледнете на следниов линк